Украдено детство – Захарули Спасеска

Симона и Јован се запознаваат во Охрид каде што се дојдени од различни градови да студираат. Тоа е љубов на прв поглед, искрена и чиста. Нивната радост е попречена од родителите и на двајцата кои се против оваа љубов. И двајцата не разбираат, зошто родителите се против нивната среќа. Можат ли родителите да се непријатели на среќата на децата?
Мајката на Симона открива страшна тајна поради која се противи на оваа врска, но сепак и двајцата ја избираат љубовта.
Нивната радост не е целосна поради противењето на родителите, но тие запливуваат во морето на љубовта која завршува со брак. Среќни се и уживаат во животот. Нивната радост е преголема со доаѓањето на нивната ќеркичка во нивниот живот. Сè е убаво до еден кобен момент…
Што се испречува на оваа среќа? Чие детство е украдено?

Информации

Објавено на

16/03/2022