Меѓубиблиотечно позајмување

За  своите членови   Библиотеката врши позајмување на  документи (книги, статии од списанија, патенти, стандарди и др.)  од библиотеки во странство преку системот на меѓубиблиотечно позајмување.

Во службата за меѓубиблиотечно позајмување корисникот  поднесува писмено барање со  точно и читливо  наведени библиографски податоци за документот што се бара : автор/и; наслов; наслов на списанието (за статии); година и место на издавање, том; број; број на страни и др. податоци што го идентификуваат документот ( пр. ISSN или ISBN број).

Библиотекарот   ја сугерира најповолната варијанта за побрзо и поекономично добивање на документот. Корисникот самостојно решава за изборот. Нарачките обично пристигаат за 10-20 дена. Службата за меѓубиблиотечно позајмување  веднаш го известува корисникот за пристигнувањето на документот, а тој  сам го подига од Библиотеката. При тоа, корисникот ги плаќа трошоците за услугата  според добиените фактури и ценовникот на Библиотеката.
Позајмените  документи во оригинална форма се  враќаат најдоцна 30 дена по пристигањето.

Контакт: Светлана Талевска, библиотекар