Никогаш не откажувај се – Елизабет Годард

Форензичкиот генеалог Вилоу Андерсон ги следи стапките на својот покоен дедо во сопствената потрага по одговори за бебето киднапирано од болница пред повеќе од дваесет години. Случајот можеби е стар и ладен, но работите ќе се вжештат кога некој ќе се обиде неколку пати да ја убие за да ја спречи во откривањето на вистината.Поранешниот агент на ФБИ, и човекот во кој била вљубена Вилоу – Остин МекКејд, подготвено ја нуди својата помош за да ја заштити. Заедно тие ќе следат каде ги водат индициите, дури и ако тоа значи дека Остин мора да се соочи со родното место и минатото, каде што поминал голем дел од својот живот обидувајќи се да го заборави. Зошто било киднапирано девојчето и кој го киднапирал? Кој се обидува да ги спречи Вилоу и Остин да го пронајдат девојчето и каква тајна се крие? Никогаш не откажувај се, е уникатен и интригатен романтичен трилер што ќе ви го забрза чукањето на срцето. Брзото раскажување на Годард во комбинација со емоционалната длабочина, ќе ве натера да погодувате до самиот крај.

Информации

Објавено на

16/03/2022