Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола

 

 

Настани

 

Изложба посветена на Петре М. Андреевски

Изложба посветена на Петре М. Андреевски

Во холот на библиотеката поставена е изложба со дел од богатото творештво на еден од најзначајните и најплодни македонски писатели – Петре М. Андреевски. Денес се навршуваат 91 година од неговото раѓање. Андреевски зад себе остави импресивно и жанровски разновидно...

Кафе и книги со наши локални писатели

Кафе и книги со наши локални писатели

Во духот на летната лежерност, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола со задоволство ја угости нашата талентирана писателка за деца Маја Богоевска на кафе и пријатен разговор под летната сенка. Маја повеќето ја знаеме како долгогодишен новинар, која секогаш се трудела...

Меѓународна соработка со Националната централна библиотека во Рим

Меѓународна соработка со Националната централна библиотека во Рим

Меѓународна соработка и размена на искуства помеѓу делегација од Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и Националната централна библиотека во Рим - Италија, една од најзначајните библиотеки во Европа, основана во 1876...

Информации:

 

Начини на пребарување на книги

  • Пребарување книги на WEB страната на Библиотеката преку COBISS+ платформата;
  • Користење на online сервисот Мојот COBISS (Мојата библиотека);
  • Пребарување и резервација на книги преку мобилната апликација mCOBISS, достапна за Android и IOS оперативните системи

 

Историја на библиотеката

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола е составена од два функционално поврзани објекти кои претставуват една целина.

Услуги кои ги нудиме

  • Годишна членска карта
  • Општи информации за Библиотеката, условите за користење, фондовите и услугите;
  • Упатување при користењето на каталозите (каталози со картончиња и автоматизиран каталог OPAC);
  • Упатување при користење на секундарни извори на информации (индекси, библиографии и сл.);
  • Библиографски пребарувања за определени теми од различни области преку печатени и електронски извори на информации.

Зачленување

Членската карта важи само со личен документ. Книги се позајмуваат лично само со членска карта. За изгубена членска карта се известува Библиотеката. Книгите се позајмуваат за рок од 10 дена. Овој рок се продолжува само еднаш. За загубена книга корисникот е должен да врати иста таква или да плати соодветен надомест.

Броевите зборуваат за нас

 

Годишна чланарина и зачленување .

Дигитална библиотека