Во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа креативната работилница „Збор, линија и фантазија“, заедно со учениците од едукативниот центар „SmardHead“. Преку игра, креативно изразување и тимска работа, децата имаа можност да ги развиваат својата имагинација, јазични вештини и фина моторика.

Работилницата беше исполнета со различни активности. Учениците најпрво цртаа и ја претставуваа својата креативност преку линии користејќи ги двете раце, а потоа, користејќи зададени зборови, создаваа реченици и кратки приказни. На овој начин тие го збогатуваа речникот, го поттикнуваа креативното размислување и ја развиваа способноста за усно и писмено изразување.

Преку внимателно осмислените задачи, децата ја вежбаа и фината моторика, координацијата и концентрацијата, истовремено уживајќи во дружењето и учењето во библиотечна средина.

„Збор, линија и фантазија“ беше уште една успешна средба исполнета со насмевки, детска креативност и нови идеи, потврдувајќи дека секој збор може да стане приказна, а секој цртеж е нов свет на фантазијата.

Голема благодарност до наставничките Ирена Цветкова, Марина Каранфиловска и Милица Јанкулоска.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook