Претставници од нашата библиотека беа присутни на отворањето на изложбата „Инспирации“, во Јуроп Хаус Битола, која преку внимателно избрани фотографии ги носи посетителите низ трите градови што ја носат титулата Eвропска престолнина на културата – Кемниц, Нова Горица и Горица.

Повеќе од четири децении, иницијативата „Европска престолнина на културата“ ја потврдува моќта на културата како двигател на урбаниот развој, европската соработка и заедничката иднина.

На свеченото отворање присуствуваа Н.Е. Паоло Палминтери, амбасадор на Република Италија и г-ѓа Ника Ротар, заменик-шеф на Мисијата на Република Словенија.

Во име на амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, беа пренесени срдечни поздрави и искрени желби за успешно отворање на изложбата.

Во неформалниот дел од настанот беа разменети мислења за можностите за понатамошна соработка меѓу нашата Библиотека и дипломатските претставништва на Република Италија и Република Словенија. Средбата претставуваше уште една можност за зајакнување на меѓународните културни врски и развој на идни партнерства во областа на културата, библиотечната дејност и промоцијата на европските вредности.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook