Продавницата за сувенири во Техеран – Марјан Камали

Во 1953 година во Техеран: две лица за првпат се сретнуваат во една мала продавница – литературна оаза, во земја која е на раб на немири. Роја е девојка идеалист која копнее по знаење. Таа открива продавница каде покрај другото се продаваат и книги од големите умови, набрзо таа продавница ѝ станува светилиште за нејзиниот ум. Пасијата кон книгите ја спојува со еден млад човек по име Бахман: страствен љубител на поезијата на Руми и поборник за правда, кој сака да го промени светот. Тој ѝ отвора светови полни со можности – каде соништа стануваат реалност, а продавницата место на коешто љубовта им цвета.
По само неколку месеци, тајно договараат датум за венчавка. Но, не секогаш работите одат според планираното. Државен удар засекогаш ја менува иднината на државата и нивната иднина. Бахман исчезнува од нејзиниот живот, а Роја очајно се обидува да контактира со него, но нејзините напори се безуспешни. Со скршено срце таа се сели во Калифорнија, каде што запознава друг човек и започнува нов живот. Сѐ додека по шеесет години една несреќа повторно ја враќа кај Бахман и судбината која ѝ беше испишана со невидливо мастило ѝ дава шанса да ги постави прашањата кои ја прогонуваа повеќе од половина век: Зошто ме напушти и како успеа да ме заборавиш?

Cobiss link

Информации

Објавено на

08/06/2022