Надеж помеѓу страниците – Пепер Башам

Секоја приказна што започнува со библиотека, прераснува во магична бајка.

Клара ѝ помага на нејзината мајка да управува со семејната книжарница стара сто години. И кога Клара мисли дека нејзиниот живот тргнува по надолна линија, таа наоѓа писмо старо сто години на место каде што најмалку очекува, во нејзиното книжевно царство – старата книжарница.

Писмото открива мистерија за одамна изгубена романса и неоткриено наследство што може да ја спаси нејзината иднина. Принудена да излезе од својот предвидлив свет, таа тргнува во авантура од блискиот голем имот на Вандербилтс, па сè до селце во Англија, желна да ја открие мистеријата на нејзината прабаба Сејди и идентитетот на мажот во писмото – Оливер. Колку повеќе се обидува да ја открие вистината за нејзиното семејство и љубовта, толку е поблизу на чекор до остварување на нејзините соништа. Некои соништа се остваруваа со напорна работа, други пак со чуда…

Cobiss link

Информации

Објавено на

06/06/2022