Времето на Тудорите беше ера исполнета со опасности, интриги, заговори и, пред сè, шпионажа.
Летото 1553 година: Време на заговори и измами. Брендон Прескот, сирак, израснат под заштита на едно од најмоќните семејства во Англија, Дадлиеви, е изведен пред суд. За да ја избегне казната тој мора да прифати тајна мисија кај брилијантната, но мистериозна сестра на кралот, принцезата Елизабета. Брендон паѓа во мрежата на заштитникот на Елизабета, Вилијам Сесил и е принуден да работи како двоен шпион. Сесил, во замена за услугите, му ветува дека ќе му помогне да ја открие тајната за своето мистериозно минато.
Принцезата Елизабета е спречена да ја открие вистината за исчезнувањето на нејзиниот тешко болен брат, кралот Едвард Шести.
Брендон за да ја докаже својата храброст пред принцезата се втурнува во безмилосна игра на тајни, лаги и убиства.
Роман во кој е опишано владеењето на Тудорите, „Тајната на Тудорите“ е првата книга од
Хрониките на шпионот на Елизабета I.