Мет и Грејс беа две осамени души, уште од првиот момент кога се сретнаа тие станаа неразделни пријатели. Со тек на времето нивното пријателство прерасна во голема љубов. Двајцата беа талентирани и имаа соништа кои сакаа да ги остварат. Но, судбината не беше милослива кон нив – ја стави на тест нивната љубов и доверба, при што патиштата им се разделија. Тие си ветија дека ќе бидат во постојан контакт и во најскоро време повторно ќе се видат. Никогаш не ги исполнија ветувањата.
Петнаесет години подоцна, Мет повторно ја сретнува Грејс. Двајцата беа различни на многу начини, но сепак исти. Живееjа како две половини од едно цело срце – сродни души. Очите им беа магливи од ветерот, но повеќе од емоциите. Заедно плачеа за реалноста која требаше да ја прифатат. Никој не можеше да го смени минатото или да го врати времето што го изгубија додека беа разделени. Требаше да научат да летаат пред да се издигнат… Овојпат судбината беше помоќна и од времето, таа секогаш наоѓаше начин како да спои две сродни души давајќи им втора шанса да го надоместат тоа што е пропуштено…