Патувам сама – Самуел Бјорк

„Патувам сама“ постигна извонреден интернационален успех кај читателите низ светот, а беше избран и за најдобар бестселер во листата на германскиот весник Der Spiegel.

Истражителката Миа Кригер ја напушта полицијата и градскиот метеж го заменува со осамен и тивок живот на еден норвешки остров. Наскоро таму доаѓа нејзиниот стар колега, Холгер Мунк, да ја наговори да се врати на работа. Потребна му е нејзината помош за новиот вознемирувачки случај. Во шумата е најдено безживотното тело на шестгодишно девојче, обесено со училиштен ранец на грбот. Околу вратот има закачено порака: „Патувам сама“.

Сè укажува на тоа дека убиецот ќе продолжи да убива, а истрагата на Миа нè води до постар случај кога од породилното одделение исчезнува новороденче…

Комплексен, софистициран и застрашувачки трилер, кој нема да престане да ве шокира и изненадува до последната страница.

Cobiss link

Информации

Објавено на

02/02/2023