Овој човек – казна, Џоди Елен Малпас

„Toj беше она што секоја жена го сакаше, а јас го имав.“

Џеси со неговата посесивност ја гуши Ава, но и воедно ја заслепува со страст. Тој ја чува подалеку од неговите мрачни тајни и неговата повредена душа.

Ава за да може повторно да се врати во нормала, одлучува да го напушти богот на љубовта – Џеси. И кога мисли дека ќе може да продолжи без него, тој се враќа во нејзиниот живот да ја потсети на незаборавните сензуални задоволства што некогаш ги имаа…

Но, таа е цврсто решена да ја дознае вистината што ја крие под челичната надворешност, овој човек – казна.

Еротска романса за страста и љубовта, болката и лузните на душата.

Приказна која опседнува и создава зависност.

Cobiss link

Информации

Објавено на

02/02/2023