Младата и многу успешна, Дарија, се враќа од Германија во родната Македонија и во својот роден град, за да направи едно добро дело. Но, со враќањето, ги носи и своите куфери полни со тажни спомени кои не ѝ дозволуваат да продолжи со животот онака како што таа посакува. Дарија се смета себеси за силна личност. Помислува дека го надминала големото предавство, а и неверството од најдрагите личности. Ја очекува непријатно изненадување. Соочувањето со блиските лица по подолго време, го раскрваруваат нејзиното нежно, но големо срце.
Дарија се соочува лице в лице со своето минато и го искорнува сето трње насобрано во нејзиното срце, за кое не е свесна дека било таму. Се ослободува од тежината што и стои во душата и нејзиното срце е подготвено за вистинска љубов. А дали вистинската љубов ќе се појави на нејзиниот пат? Дали знаците на патот водат кон нова љубов? Дали љубовта ќе и се насмевне едно утро, поздравувајќи ја со зборовите „Добро утро, љубов!“?
Добро утро, љубов – Милена Лунеска
Нови наслови