Вера Лилчиќ е автентична но необична појава во нашиот контекст. Таа засега е книжевна сенка меѓу многуте кулиси издигнати угоре, но судејќи по ракописите што постепено ги отвора пред јавноста, многу лесно можеме да ја сместиме и во книжевните призраци што ја збогатуваат нашата издавачка програма. И со оваа своја збирка во чии стихови вешто се испреплетуваат емотивните вибрации и носталгијата по минатото таа нè опсипува со својата зборовна топлина, како силен сноп свежа светлина во апсолутна, длабока темнина.