Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола

 

 

Настани

 

„Читателски предизвик: Позајми и победи!“ – Нова кампања на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

„Читателски предизвик: Позајми и победи!“ – Нова кампања на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола ја најавува новата кампања „Читателски предизвик: Позајми и победи!“, која ќе се одвива од септември до декември 2024 година. Читателите кои ќе позајмат книги во овој период ќе имаат...

Завршена ревизијата во Детскиот оддел

Завршена ревизијата во Детскиот оддел

Почитувани корисници и драги читатели, Со задоволство ве известуваме дека процесот на ревизија на библиотечниот материјал од Детскиот оддел на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, е успешно завршен. Од утре, 18 септември 2024 година, повторно можете да позајмувате...

Чекор поблиску до нашата библиотека

Чекор поблиску до нашата библиотека

Овој пат со разиграни очиња, насмевки на лицето и раширени рачиња не пречекаа првачињата од ООУ „Елпида Карамнади“ - Битола, на кои им поделивме ваучери за едногодишно бесплатно членство во нашата библиотека. Оваа активност има за цел од најраното детство да се развие...

Информации:

 

Начини на пребарување на книги

  • Пребарување книги на WEB страната на Библиотеката преку COBISS+ платформата;
  • Користење на online сервисот Мојот COBISS (Мојата библиотека);
  • Пребарување и резервација на книги преку мобилната апликација mCOBISS, достапна за Android и IOS оперативните системи

 

Историја на библиотеката

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола е составена од два функционално поврзани објекти кои претставуват една целина.

Услуги кои ги нудиме

  • Годишна членска карта
  • Општи информации за Библиотеката, условите за користење, фондовите и услугите;
  • Упатување при користењето на каталозите (каталози со картончиња и автоматизиран каталог OPAC);
  • Упатување при користење на секундарни извори на информации (индекси, библиографии и сл.);
  • Библиографски пребарувања за определени теми од различни области преку печатени и електронски извори на информации.

Зачленување

Членската карта важи само со личен документ. Книги се позајмуваат лично само со членска карта. За изгубена членска карта се известува Библиотеката. Книгите се позајмуваат за рок од 10 дена. Овој рок се продолжува само еднаш. За загубена книга корисникот е должен да врати иста таква или да плати соодветен надомест.

Броевите зборуваат за нас

 

Годишна чланарина и зачленување .

Дигитална библиотека