Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола
Настани
Меѓународен форум „Размена на идеи за добри практики“ во Струмица
Горди сме што бевме дел од меѓународниот форум „Размена на идеи за добри практики“ во Струмица! Нашите вработени м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар советник и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски, библиотекар презентираа труд на тема „Награди и признанија кои ги...
„Читателски предизвик: Позајми и победи!“ – Нова кампања на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола ја најавува новата кампања „Читателски предизвик: Позајми и победи!“, која ќе се одвива од септември до декември 2024 година. Читателите кои ќе позајмат книги во овој период ќе имаат...
Завршена ревизијата во Детскиот оддел
Почитувани корисници и драги читатели, Со задоволство ве известуваме дека процесот на ревизија на библиотечниот материјал од Детскиот оддел на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, е успешно завршен. Од утре, 18 септември 2024 година, повторно можете да позајмувате...
Нови наслови
Информации:
Начини на пребарување на книги
- Пребарување книги на WEB страната на Библиотеката преку COBISS+ платформата;
- Користење на online сервисот Мојот COBISS (Мојата библиотека);
- Пребарување и резервација на книги преку мобилната апликација mCOBISS, достапна за Android и IOS оперативните системи
Историја на библиотеката
Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола е составена од два функционално поврзани објекти кои претставуват една целина.
Услуги кои ги нудиме
- Годишна членска карта
- Општи информации за Библиотеката, условите за користење, фондовите и услугите;
- Упатување при користењето на каталозите (каталози со картончиња и автоматизиран каталог OPAC);
- Упатување при користење на секундарни извори на информации (индекси, библиографии и сл.);
- Библиографски пребарувања за определени теми од различни области преку печатени и електронски извори на информации.
Зачленување
Членската карта важи само со личен документ. Книги се позајмуваат лично само со членска карта. За изгубена членска карта се известува Библиотеката. Книгите се позајмуваат за рок од 10 дена. Овој рок се продолжува само еднаш. За загубена книга корисникот е должен да врати иста таква или да плати соодветен надомест.
Броевите зборуваат за нас