Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола

 

 

Настани

 

Мир во светот да царува, секој со секого да другарува!

Мир во светот да царува, секој со секого да другарува!

НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола заедно со учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“- Битола и учениците од трето одделение од ООУ „Даме Груев“-Битола реализираа работилница по повод Меѓународниот ден на знаковниот јазик и Светскиот ден на мирот кои се одбележуваат во месец...

Другаруваме со сликовници

Другаруваме со сликовници

По повод Светска недела на детето која секоја година е првата недела од месец Октомври, НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, ќе реализира низа активности во градинките во нашиот град. Оваа активност ја започнуваме со посета на градинката „Коца Василева“, а пред...

Кампања за бесплатна членарина на – НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Кампања за бесплатна членарина на – НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ја продолжува својата кампања за доделување ваучери за бесплатна едногодишна членарина на сите ученици од прво одделение во основните училишта. Денеска имавме привилегија да се запознаеме и дружиме со првачињата од ОУ „Стив Наумов“...

Информации:

 

Начини на пребарување на книги

  • Пребарување книги на WEB страната на Библиотеката преку COBISS+ платформата;
  • Користење на online сервисот Мојот COBISS (Мојата библиотека);
  • Пребарување и резервација на книги преку мобилната апликација mCOBISS, достапна за Android и IOS оперативните системи

 

Историја на библиотеката

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола е составена од два функционално поврзани објекти кои претставуват една целина.

Услуги кои ги нудиме

  • Годишна членска карта
  • Општи информации за Библиотеката, условите за користење, фондовите и услугите;
  • Упатување при користењето на каталозите (каталози со картончиња и автоматизиран каталог OPAC);
  • Упатување при користење на секундарни извори на информации (индекси, библиографии и сл.);
  • Библиографски пребарувања за определени теми од различни области преку печатени и електронски извори на информации.

Зачленување

Членската карта важи само со личен документ. Книги се позајмуваат лично само со членска карта. За изгубена членска карта се известува Библиотеката. Книгите се позајмуваат за рок од 10 дена. Овој рок се продолжува само еднаш. За загубена книга корисникот е должен да врати иста таква или да плати соодветен надомест.

Броевите зборуваат за нас

 

Годишна чланарина и зачленување .

Дигитална библиотека