Сестра – Розамунд Лаптон

„Јас би направила сѐ за тебе, само да можам повторно да те видам. Тука е помирно и тишината ми дава мир да можам да пишувам. Ќе ја раскажам твојата приказна со остри рефлекси и меморија од кои пукаат неврони. Но дали – допирот и гласот и сите оние сензорни рецептори и нервни завршетоци ќе можат да се заменат со букви?“
Кога Беатрис добива повик дека нејзината сестра Тес е исчезната, таа се качува на првиот лет за Лондон да ја бара. Колку повеќе се обидува да открие каде е нејзината сестра, толку повеќе е запрепастена од сознанието колку малку знаела за животот на Тес – и не е подготвена за застрашувачката вистина со која треба да се соочи. Полицијата, нејзиниот вереник и мајка ѝ прифаќаат дека ја изгубиле Тес. Но, Беатрис одбива да прифати и да се откаже од нејзината сестра. Нејзиниот гнев станува поголем и од самото его, таа прави ирационални работи коишто никогаш не би ги правела и собира храброст да се спротивстави на сопствените демони, впуштајќи се во опасна потрага без оглед на последиците…
Психолошки трилер за две сестри, две испреплетени ДНК клетки – поврзани со невидливи нишки и за најсовремените микроскопи.

Cobiss link

Информации

Објавено на

09/09/2022