Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола
Настани
Графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола, во посета на библиотеката
Денес библиотеката ја посетија учениците од втора година графичка струка, профил графички техничар и графички уредник-дизајнер, под менторство на Весна Мундишевска-Велјановска и Катерина Спасовска-Маурдева. Посетата на библиотеката е во рамки на наставата по...
Завршена ревизијата во Дневната соба на библиотеката
Почитувани корисници и драги читатели, Со задоволство ве известуваме дека процесот на ревизија на библиотечниот материјал од Дневната соба на градот во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола е успешно завршен. Од утре, 4 октомври 2024 година, повторно можете да...
Тоа што сме различни, не прави посебни
НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола денес беше во посета на дечињата од ЈОУДГ„ Мајски цвет“-Битола. Насмеани лица не пречекаа со кои уживавме во прекрасната приказна и многу разговаравме за тоа дека сите се различни, дека имаат различна боја на коса со своето другарче,...
Нови наслови
Информации:
Начини на пребарување на книги
- Пребарување книги на WEB страната на Библиотеката преку COBISS+ платформата;
- Користење на online сервисот Мојот COBISS (Мојата библиотека);
- Пребарување и резервација на книги преку мобилната апликација mCOBISS, достапна за Android и IOS оперативните системи
Историја на библиотеката
Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола е составена од два функционално поврзани објекти кои претставуват една целина.
Услуги кои ги нудиме
- Годишна членска карта
- Општи информации за Библиотеката, условите за користење, фондовите и услугите;
- Упатување при користењето на каталозите (каталози со картончиња и автоматизиран каталог OPAC);
- Упатување при користење на секундарни извори на информации (индекси, библиографии и сл.);
- Библиографски пребарувања за определени теми од различни области преку печатени и електронски извори на информации.
Зачленување
Членската карта важи само со личен документ. Книги се позајмуваат лично само со членска карта. За изгубена членска карта се известува Библиотеката. Книгите се позајмуваат за рок од 10 дена. Овој рок се продолжува само еднаш. За загубена книга корисникот е должен да врати иста таква или да плати соодветен надомест.
Броевите зборуваат за нас