Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола

 

 

Настани

 

Го одбележавме Светскиот ден на книгата и авторското право

Го одбележавме Светскиот ден на книгата и авторското право

Денеска го одбележавме Светскиот ден на книгата и авторското право! На 23 април 2024 година, НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола и Педагошки факултет - Битола го одбележавме Светскиот ден на книгата и авторското право, со заеднички настан! Целта ни беше да го...

Заедно за Земјата и Зборовите. Чувајќи ја планетата преку читање и знаење

Заедно за Земјата и Зборовите. Чувајќи ја планетата преку читање и знаење

На 22-ри април 2024 година, НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола организираше настан по повод Денот на планетата Земја и Светскиот ден на книгата и авторските права. Учесниците на настанот се појавија маскирани во различни ликови од омилени книги и филмови, животни од...

Информации:

 

Начини на пребарување на книги

  • Пребарување книги на WEB страната на Библиотеката преку COBISS+ платформата;
  • Користење на online сервисот Мојот COBISS (Мојата библиотека);
  • Пребарување и резервација на книги преку мобилната апликација mCOBISS, достапна за Android и IOS оперативните системи

 

Историја на библиотеката

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола е составена од два функционално поврзани објекти кои претставуват една целина.

Услуги кои ги нудиме

  • Годишна членска карта
  • Општи информации за Библиотеката, условите за користење, фондовите и услугите;
  • Упатување при користењето на каталозите (каталози со картончиња и автоматизиран каталог OPAC);
  • Упатување при користење на секундарни извори на информации (индекси, библиографии и сл.);
  • Библиографски пребарувања за определени теми од различни области преку печатени и електронски извори на информации.

Зачленување

Членската карта важи само со личен документ. Книги се позајмуваат лично само со членска карта. За изгубена членска карта се известува Библиотеката. Книгите се позајмуваат за рок од 10 дена. Овој рок се продолжува само еднаш. За загубена книга корисникот е должен да врати иста таква или да плати соодветен надомест.

Броевите зборуваат за нас

 

Годишна чланарина и зачленување .

Дигитална библиотека