Го одбележуваме Месецот на книгата - Месец Октомври

Печати

( 0 Гласа )

„Да им читаме на глас“

По повод Месецот на книгата - Месец Октомври, во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола на ден 20.10.2021 година се одржаа 2 читања на кои присуствуваа учениците од III-б и III-в одделение од ООУ„ Стив Наумов“- Битола со нивните наставнички Даниела Јовановска и Доста Илиевска.
Учениците имаа можност да слушнат како правилно се чита на глас од страна на библиотекарот Јасминка Кочевска, која за нив го избра расказот „Овчарчето Тасе“ од македонскиот писател Ванчо Николевски, од неговото дело Раскази.  
Во текот на читањето учениците има можност да разговараат со библиотекарот за настаните од расказот, но и да раскажуваат нивни случки. Потоа учениците имаа можност да нацртаат настан кој им остави најголем впечаток од расказот што им беше прочитан, да бојат и да се забавуваат.
За крај еден од библиотекарите им подели тефтерчиња со мисла за книгата и читањето, во кои можат да си запишуваат и тие по некоја мисла.

Повеќе фотографии од овој настан ќе најдете на следниот линк: NUUB Facebook