Што сакам да бидам кога ќе пораснам

Процесот за избирање на професија започнува од најмала возрст со самата желба што сакаат да бидат децата кога ќе пораснат.

Понесени од таквата желба да запознаат што повеќе нови професии денес во нашата библиотека ни беа гости децата од градинката ЈОУГД “ Естреја Овадија Мара” каде имаа можност да се запознаат со професијата библиотекар која многу им се допадна, а воедно имаа прилика да ја запознаат нашата библиотека и да слушаат Е – приказни.

После тоа поразговаравме и за други професии кои им се интересни и кои би сакале да ги работаат кога ќе пораснат.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook