English French German Macedonian

Најчитани наслови

„Сеќавање на љубовта“ - Амината Форна

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Едријан Локхарт е психолог што бега од својот живот во Англија и доаѓа во Сиера Леоне, каде што почнува граѓанска војна. Тука мора да се бори со жештината, со нечистотијата, со правта, како и со тајните што ги крие оваа загадочна земја.
Сеќавање на љубовта е впечатлива книга за обичните луѓе во невообичаени околности, врвно реализирана и убаво напишана, стравотна и пријатна, непоколеблива и нежна, трогателна и инспиративна. Тоа е книга за четири животи што се преплетуваат; книга за пријателството, разбирањето, простувањето и за неизбришливите ефекти на минатото; за патувањата, соништата, загубата и за самата природа на љубовта. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

 

„Најубавите љубовни писма на сите времиња“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ова е другото лице на историјата. Тука освојувачите со оружје, со збор или хармонизирани ноти, независно, се плен на потребата за двојно скротување, за нежност, попрецизно – за љубов, односно, да бидеме доследни докрај – за љубовниот копнеж исцеден во интимно интонирани писма што му се противставуваат
 на времето во јуриш.
Прочитајте ги похотливите воздишки, развигорените чувства
 и срцевите изблици на луѓето кои им да е важност на историските отсечки од нивното време, поаѓајќи од скокотливиот Волтер, мистериозниот Бетовен, па правдољубивата Мери Волстонкрафт и актерката Жулиет Друе, но и други  имиња

 

"Убиство во капали чаршија“ - Есра Туркекул

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Берна, дебела и депресивна жена што работи како туристички водич, со таблети за смирување се обидува да ги преброди кризите... Мртво тело во Капали чаршија е пронајдено во чудна положба... Едно момче со хендикеп е главен осомничен... Навидум, нема мотив да го изврши убиството, па нашата невротична хероина, која дотогаш не покажувала афинитет да стане детектив, се вклучува кон истрагата за убиството... Покрај тоа, посакува осомничениот да биде невин само поради тоа што е хендикепиран. Влечкајќи се по намуртениот и студен инспектор Фатих, таа ги оценува осомничените.

   

„Апартман во Париз“ - Гијом Мисо

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Во Париз се наоѓа едно ателје, скриено во дното на улицата обрасната со зеленило, премногу совршено за помеѓу своите ѕидови да не крие некоја тајна.
Мадлин го изнајмува за да ужива во самотијата и да пронајде малку мир после љубовната криза и серијата нерешени случаи.
После едно недоразбирање, на оваа млада лондонска полицајка ѝ се придружува Гаспар, писател и мизантроп, што допатувал во Париз за да пишува во тишина. Така сега овие две осамени и немирни души принудени се неколку дена да живеат под ист покрив.
Ателјето му припаѓало на славниот сликар Шон Лоренц и сѐ уште зрачи со неговата страст кон боите и игрите со светлината.

Читај повеќе: „Апартман во Париз“ - Гијом Мисо

 

„Жената што сакаше одмазда“ – Давид Лагеркранц

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Лизбет Саландер и Микаел Блумквист се враќаат во петтото продолжение на серијалот Милениум на Стиг Ларсон! Осудена на двомесечна затворска казна поради самоволно постапување при спасувањето на животот на едно дете, Лизбет Саландер одбива да каже што и да е во своја одбрана. Таа се интересира за многу поважни нешта. Микаел Блумквист секоја недела поминува долг пат за да ја посети – но и за да добие некоја нова трага за своето истражување, кое би било значајна приказна за списанието Милениум.

Читај повеќе: „Жената што сакаше одмазда“ – Давид Лагеркранц

   

Страница 3 од 5

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер