Најавување

English French German Macedonian

Архива (наслови)

„Девојката од Бруклин“ - Гијом Мисо

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Ѓаволски добар заплет, неодоливи јунаци и напнатост што расте со секоја страница.
Јасно се сеќавам на тој последен момент на среќа. Бевме загледани во морето, додека хоризонтот се пресликуваше, Ана ми постави прашање:
„Дали ќе ме сакаш ако дознаеш дека сум направила нешто страшно?“
Како би одговориле Вие?
Ана е љубовта на мојот живот. Треба да се венчаме за три недели. Секако дека ќе ја сакам, што и да направила. Барем така мислев, но таа нервозно пребаруваше низ торбата, извади таблет, ми покажа фотографија на екранот, „Тоа јас го направив“.
Гледав во нејзината тајна, шокиран, свесен дека нашите животи повеќе никогаш нема да бидат исти. Зашеметен станав и заминав без збор. Кога се вратив беше предоцна. Ана исчезна. И оттогаш не престанав да ја барам.

 

„Смила“ - Петер Хег

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Романот „Смила го чувствува снегот“ од данскиот писател Петер Хег во превод на Лара Крстева- Ичокаева, излезе од печат во издание на Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.
Романот објавен 1992 година, се смета за еден од најфасцинантните трилери на сите времиња, а на Хег му донесе светска слава. По овој бестселер е снимен и филм во 1997 година, со Џулија Ормонд и Габриел Брн во главните улоги. Веднаш по објавувањето од многумина бил прогласен за книга на годината, меѓу кои и списанијата „Тајм“ и „Пипл“. До денес романот е продаден во над 20 милиони примероци низ светот.
Смила Јесперсен, половина Данка, половина Гренланѓанка, се обидува да ја растајни чудната смрт на едно момченце што паѓа од врвот на зградата во која таа живее.

Читај повеќе: „Смила“ - Петер Хег

   

„Шпионка“ -Пауло Коелјо

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Во својот нов роман, Пауло Коелјо оживува една од најмистериозните жени во историјата: Мата Хари.
Кога пристигнала во Париз, Мата Хари немала ни скршена пара. Сепак, наскоро почнале да ја величаат како најелегантната дама во градот. Танчaрка која ја шокирала и восхитувала публиката; љубовница и куртизана која ги маѓепсувала најбогатите и најмоќните мажи на тоа време.
Но како што се зголемувала паранојата во земјата заплеткана во војна, животниот стил на Мата Хари почнал да буди сомнежи. И така, во 1917 година, таа била уапсена во својата хотелска соба на Шанзелизе и била обвинета за шпионажа.
Раскажана преку последното писмо на Мата Хари, Шпионка ја разоткрива незаборавната приказна за една жена која се осмелила да ги прекрши правилата на однесување на своето време и која за тоа ја платила највисоката цена.

 

„Во една мрачна, мрачна шума“ - Рут Веар

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НЕКОИ МОМИНСКИ ЗАБАВИ СЕ ЛОШИ, НО ОВАА Е УБИСТВЕНА! Леонора, некому позната како Ли, на другите како Нора, е изолиран писател на крими романи кој одбива да го напушти своето „гнездо“, освен ако не е апсолутно неопходно. Кога пријателката со која не зборувала, ниту ја видела со години ќе ја покани Нора (Ли) на викенд во морничава, стаклена куќа, скриена длабоко во темната шума, таа неволно се согласува да замине.

Читај повеќе: „Во една мрачна, мрачна шума“ - Рут Веар

   

„Мојата генијална другарка“ - Елена Феранте

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Моќна и длабока приказна за доживотното женско пријателство и ривалство.
Приказната ja раскажува шеесетгодишната Елена која, соочена со мистериозното исчезнување на својата другарка Лила, решава да го овековечи секој детаљ од нивното заедничко минато. Растејќи во сиромашното неаполско маало во 50-тите, на суровите улици и во школските клупи, двете девојчиња учат да се потпираат една на друга пред сите детски стравови и предизвици.

Читај повеќе: „Мојата генијална другарка“ - Елена Феранте

 

„Каде е Елизабет“ - Ема Хили

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Старата госпоѓа Мод постепено го губи помнењето, со тоа и контролата над секојдневниот живот. Сепак, не прифаќа да ја заборави својата најдобра другарка Елизабет, убедена дека исчезнала и дека е во страшна опасност. Но никој не сака да ја слуша Мод – ниту нејзината огорчена ќерка Хелен, ниту негувателките, ниту полицијата, а особено не Питер, користољубивиот син на Елизабет. Наоружана со белешките што си ги испишува самата на себе – нејзината хартиена меморија – како и со несовладливото претчувство дека на Елизабет ѝ е потребна нејзината помош, Мод се обидува да ја разоткрие вистината и да ја спаси саканата пријателка. Оваа опсесија станува темел на уништената сегашност на Мод.

Читај повеќе: „Каде е Елизабет“ - Ема Хили

   

Страница 4 од 70

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер