English French German Macedonian

Настани

Патронат на Библиотеката - 2013

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

 

Свечено одбележување на Патронатот на Библиотеката

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ни претставува посебна чест да Ве поканиме на свеченото одбележување на Патронатот на Библиотеката „Свети Климент Охридски“.

06.12.2013 (петок) во 12 часот во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола (сала за промоции).

ПРОГРАМА

Поздравна реч г-дин Науме Ѓоргиевски директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола.
Промоција на изданијата:
Осма роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија - Зборник на излагања

Зборник на научни трудови од Работилницата за значењето на книгата 10.07.2013 година, Битола

Библиотечен тренд, бр. 35-36, 2013

Звукот на брановите - DVD


Промотор Милица Радевска

Библиотечната дејност во Битола и Битолско. Книга 2. Од 1974 до 2013 година.

Развојот на библиотекарството во Битола и Битолско и видови библиотеки.

Никола Кочовски - Персонална библиографија


Промотор Добре Тодоровски

Доделување награди за читател на годината

   

Портрет на писателот Никола Кочовски

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Познатиот македонски писател, битолчанецот Никола Кочовски кој на 1 декември оваа година го слави својот 80 годишен роденден. Славеник! Убав повод да се потсетиме на неговото творештво, да не ги заборавиме неговите прозни дела, книгите: „Малата Билја“, „Бреме“, „Без свое јато“, „Исконскиот дар“, „Омразениот цвет“, „Раско“, „Дилко Мијалков“, „Деца на мајката земја“, „Соседовата кокошка“ (романи), „Дичовица, млада невеста“ (драма), книгите раскази „Загрезготини“, „Вознемирена совест“, „Родната грутка“, „Времето на татковците“, „Јаве и соништа“, „Нов бран“, „Херојот“...
Деновиве својот книжевен опус го збогати со две книги. Едната книга носи наслов „Мојата слика“. Издавач е реномираната издавачка куќа „Дијалог“ од Скопје, чиј главен и одговорен уредник е Веле Смилевски. Втората книга, најновата, неговиот роман го носи насловот „Ќерката Кети“ а издавач е „Матица македонска“ од Скопје.

Никола Кочовски е упорен и истраен во својата определба, тивок и ненаметлив, но во својата творечка работа на рпозоно уметничко создавање, длабоко се нурнува и продира до најситните елементи на опишување и литературно отсликување на моментот, сликата, пејсажот, ликот  како дел од неговата опсервација. Кочовски е чест посетител на библиотеката как оискрен љубител на книгата, корисник на библиотечен материјал како и долгогодишен соработник на нашата установа во областа на книжевноста и книжевното творештво што ни претставува особена чест и днешната презентација на неговиот книжевен портрет, по повод 80 години од неговото раѓање и 50 години од литератураното творештво  рече  г-дин  Науме Ѓоргиевски -  директорот на  НУУБ „Св.Климент Охридски“  - Битола .
Ги читав и двете негови последно издадени книги за кои ќе говорам. Се разбира, со големо задоволство, зашто се работи за дела од битолчанец, од мој драг пријател, од наш сограѓанин. Ги читав со задоволство, зашто, исто така со задоволство како средношколец го читав неговиот прв роман „Малата Билја“ зашто во тие далечни времиња беше вистински настан за нашите простори. Мојата слика“, како што вели авторот, е подоцнежен дел од неговата книжевна биографија. Тоа е дневник кој авторот почнал да го води точно пред дваесет години, поточно во 1993 година, дневник на реминисценции, сеќавања, претчувства и чувства за творечката треска која била составен дел на неговиот живот. Не е тоа дневник ниту на осаменик ниту на очајник, туку дневник на еден современ македонски писател кој упорно чекорел во македонската литература, се со цел да ја збогати, да остави свој белег, да остави дел од својата душа. Кочовски не е провинциски простосмртник или писател од провинција (како некои што ги класифицираат писателите кои живеат надвор од Скопје), туку стамен македонски писател  кој и во оваа книга, покрај на своето дело, фрла поглед на едно време, на ветриштата или ведрините во тоа време...  И кога се пишува за себе, и кога се сака автобиографското да излезе на виделина – тоа е жед за светлина, жед да се каже сопствената вистина!
Сите бурни мисли на писателот, сите надежи, среќни мигови и сите негови разочарувања од она што се случувало со издавањето на неговиот творечки труд нанижани се во низа од бисер со разни бои. Читајќи ги нив, читајќи ја книгата „Мојата слика“ читателот ќе дојде до заклучок дека творечката, писателската работа на Никола Кочовски била трнлив, сизифовски пат по угорнини. Пат на писател кој не наведнал глава пред препреките... рече промоторот Панде Манојлов.
Никола Кочовски им се заблагодари на сите присутни, на сите пријатели кои во текот на  животот беа со него и му даваа сила, елан да може да биде присутен во книжевноста. 
На крај следеше изведба на музички точки на  учениците  од музичкото училиште. (29.11.2013)



   

Страница 184 од 254

Сподели на Facebook