English French German Macedonian

Настани

БИТ ФЕСТ:ИЗЛОЖБА НА ДРОБЕН ПЕЧАТ

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Во НУУБ Св. Климент Охридски беше отворена изложба на дробен печат. Изложбата е дел од програмата на БИТ ФЕСТ 2014.

 

 

 

 

 

 

 

БИТ ФЕСТ:РАБОТИЛНИЦА „СО ЧИТАЊЕ КНИГА ДО НАЈДОБРАТА ПОРАКА И ЛИЧНОСТ“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во НУУБ Свети Климент Охридски беше организирана работилница насловена „Со читање книга до најдобрата порака и личност“. Работилницата е дел од програмата на БИТ ФЕСТ 2014.

   

Посета на универзитетската библиотека во Варшава - Полска

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Според програмата за работа на НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола за 2014 год., а според проект за меѓународна соработка, одобрен и финансиран од Министерството за култура на РМ, беше реализирана посета на Универзитетската библиотека во Варшава – Полска, во периодот од 10.06 – 14.06. 2014 год.
На 10.06.2014 год, делегација во состав: Науме Ѓоргиевски, директор на НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола, Илче Стојановски, програмски директор, Марија Малгожата Мачковска, советник библиотекар, вработена во сектор Обработка за монографски публикации – каталогизација, Зоран Јанакиевски, библиотекар вработен во Сектор за развој на библиотекарство, замина во утринските часови за Варшава – Полска.

Нашата делегација беше примена во Библиотеката од страна на раководниот тим: г-ѓа Јоланта Талбиерска, директор на Универзитетска Библиотека во Варшава, г-ѓа Ана Пелка, заменик директор на Универзитетска Библиотека - иинформациски систем и електронски ресурси, г-дин Роман Табиш, заменик директор на Универзитетска Библиотека и информациски систем.
На почетокот на посетата беше извршена презентација на мултимедијално ДВД, со истовремено усно претставување на нашата држава, општината Битола, работењето на НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола и меѓународната соработка на нашата библиотека со европските библиотеки. Претставени беа исто така изданија на нашата библиотека, кои воедно им беа подарени на домаќините.
За време на посетата се реализира подолг разговор за правците на понатамошната соработка. Во планови за идната соработка беше спомната размена на изданија на двете библиотеки, научна посета на вработените, заедничко организирање на научни конференции од областа на библиотекарството и потпишување на официјален договор за обострана меѓународна соработка.
После завршувањето на разговорот ни беше претставена историјата, работењето и активностите на Универзитетската библиотека во Варшава, од страна на г-ѓа Беата Фелишевска, специјалист за Промоција од Одделот за Промоција, Изложби и Меѓународна соработка. Темелно ја разгледавме целата Библиотека, се запознавме со нивните услуги и начинот на користење на библиотечниот материјал, а исто така ни беа претставени нивните фондови, е-збирки, нивната електронска и информатичка опременост, како и Оддел за дигитализација на збирките.
После тоа ни беше презентирана огромната градина која се распространува на кровот над целата Библиотека и нејзината околина, која посебно им значи на нивните посетители и корисници како омилено место за учење и релаксација.

   

Страница 183 од 259

Сподели на Facebook