Најавување

English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Посета на словенскиот амбасадор Милан Јазбец

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 03.11.2017 година, Националната Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола ја посети амбасадорот на Словенија во Р. Македонија неговата екселенција проф. Милан Јазбец, писателите Веле Смилевски, Раде Силјан и проф.д-р Златко Жоглев. На средбата директорката м-р Јелена Петровска го запозна амбасадорот на Словенија со работата на библиотеката, функционирањето и проектите. На средбата се разговараше и за иницијативи за идни соработки и проекти.

 

 

 

 

Промоција на книгите „Песната палимпсест“ од Веле Смилевски и „Устата на јавето“ од Раде Силјан

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 03.11.2017 година (петок) во просториите на Нациналната установа Универзитетска библитотека „Св.Климент Охридски“ – Битола се одржа промоција на книгите „Песната палимпсест“ од авторот Веле Смилевски и „Устата на јавето“ од Раде Силјан. Промотори на книгата беа проф. д-р Даниела Андоновска – Трајковска, проф.д-р Златко Жоглев и проф.Милица Димитријовска - Радевска. На присутните гости им се обрати в.д. директорката на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола м-р Јелена Петровска. Во издание на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат поетската книга „Устата на јавето“ од современиот македонски писател Раде Силјан. Во своето седумнаесетто поетско дело авторот застапува седумдесет песни, поделени во седум тематски циклуси, кои сочинуваат неразделна тематска целина. Стиховите од новата книга на Раде Силјан отвораат голем број прашања за сѐ што ќе ни се насели во сонот, за сѐ што ќе ни го прекине здивот, со воздишка и многу тага, констатира Блаже Миневски во поговорот, под наслов „Во татковината на молкот, или како да се разбереш со животот“. На следниот линк може да погледнете повеќе слики од промоцијата https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10155905663188679

   

Промоција на книгата “Тајната на нашите корени“ - Весна Илиовска

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола на ден 03.11.2017 година ја промовираше  книгата „Тајната на нашите корени“ од авторката Весна Илиовска. Промотор на книгата беше Лилјана Стефановска.Оваа книга е сенка на едно време кое одамна поминало, но не не одминало, чекало свој момент да биде прераскажано. Таа е стар аманет оставен од сите генерации кои некогаш биле тука, го изодиле патот на животот и оставиле своја трага во историјата, кон сите сме овде и кои допрва ќе бидат, никогаш да не ги заборават своите корени какви и да се. Се уште не знам во каква авантура се впуштам, ама се надевам дека на крајот, сепак се добро ќе заврши, вели авторката Весна Илиовска. На следниот линк следуваат повеќе фотографии  https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10155899610333679

   

Страница 8 од 159

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер