English French German Macedonian

Настани

Биди Cool и прати ни Selfie со твојата домашна библиотека

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола Ве поканува да учествувате во креирањето на нови иновативни програми наменети за младата генерација.

„Биди Cool и прати ни Selfie со твојата домашна библиотека“

 

Фотографиите можете да ни ги испраќате на следнава email адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Најуспешните фотографии ќе бидат објавени на нашите социјални мрежи, а како подарок ќе добијат и бесплатно едногодишно членство во нашата библиотека.

-Конкурсот е наменет за деца од училишна возраст (основно и средно образование).

Ве очекуваме.

 

 

 

 

15. Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 13.10.2020 во пладневните часови во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола се одржа традиционалната 15. Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија. На тркалезната маса учествуваа повеќе писатели со трудови на тема: „Моите ликови - од страв и немоќ во револт кон човечките вредности“. Модератор на средбата беше д-р Николче Вељановски. Присутните ги поздрави директорот на Библиотеката м-р Бојан Стефановски. Сите текстови ќе бидат објавени во 15-тиот Зборник на излагања. Учесниците се придржуваа кон пртоколите за заштита од COVID-19.

   

Прикажување на кратки филмови, 2020

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 8.10.2020 година,  во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола се одржа вечер за прикажување на кратки филмови. НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола заедно со ЕРЦ СОРАБОТКА го организираа  прикажувањето на кратки филмови кои беа поддржани од Министерството за култура на Северна Македонија. При одржувањето на настанот беа запазени сите протоколи за одржување на настани.

Целта на проектот беше подигање на свеста за семејните вредности, домашната злоупотреба и влијанието на медиумите и социјалните медиуми на помладата генерација во едно домаќинство. Учесниците имаа шанса да гледаат кратки филмови од Велика Британија, Турција, Чешка, Украина и Северна Македонија. По прикажувањето, имавме дискусии за

темата каде што публиката имаше клучни коментари за влијанието и што мислиме дека е важно за помладата генерација и нивниот раст и развој без или ограничен пристап до социјалните медиуми. На настанот, имавме 15 учесници од различна социјална и образовна припадност кои споделија различни размислувања во врска со филмовите. Учесниците се здобија со различна перспектива од различни земји во врска со семејните вредности, злоупотребата и какви предизвици им дава општеството на младата генерација и начините на нивно решавање.

Повеќе информации можете да најдите на следниот линк.

   

Страница 3 од 256

Сподели на Facebook