English French German Macedonian

Нови наслови

„Девојката од возот“ - Пола Хокинс

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Рејчел секој ден патува со истиот воз и поминува покрај куќата во која некогаш живеела, се потсетува на животот што неповратно го изгубила. Меѓу многуте удобни приградски куќи, погледот секогаш и се задржува на една во која живее среќна брачна двојка - двајца млади, убави и навидум среќно вљубени сопружници. Меѓутоа, реалноста е далеку од таа идеалична слика, а Рејчел набрзо ќе дознае што се крие зад затворените врати на совршениот дом.

 

„Дневникот на Бриџит Џонс“ - Хелен Филдинг

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Дали Дневникот на Бриџит Џонс е сензационална урбана сатира за модерните меѓучовечки односи?

Ироничен осврт за пропаѓањето на едно традиционално семејство?

Или, пак, едноставно конфузни чкртаници на една изнервирана триесет и нештогодишна девојка?

   

„Тивката жена“ - А.С.А. Харисон

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Тој е непоправлив прељубник. Таа живее во заблуда. Тој води двоен живот. Таа сака да ги израмнува сметките. Тој решава да расчисти еднаш засекогаш. Таа веќе нема што да изгуби... Бракот на Џоди и Тод се соочува со криза. Многу нешта се ставени на коцка, вклучувајќи ги пријатниот живот што го водат и луксузниот дом во Чикаго со поглед кон океанот.

Читај повеќе: „Тивката жена“ - А.С.А. Харисон

 

„Сушен период“ - Габриела Бабник

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Сушен период опишува љубовна врска меѓу Ана, 62-годишна дизајнерка од Централна Европа, и Исмаел, 27-годишен Африканец што пораснал на улиците и бил жртва на многу злоупотреби. Она што им е заедничко се осаменоста, трагичното детство, сушните периоди или „харматан“, кога ниту природата ниту љубовта не можат да процветаат. Наскоро, уметницата сфаќа дека празнината помеѓу нив не се појавува поради бојата на кожата или поради разликата во годините, туку поради нејзината припадност на западната цивилизација, во која таа ги има изгубено сите зацртани улоги – на ќерка, на жена и на мајка. Еротиката не ја надминува осаменоста, потиснатите тајни од минатото испливуваат во светот што е суров, но и поневин од нејзиниот. Во романот се преплетуваат магичен реализам и фрагменти од африканската политичка реалност, а посебно место ѝ се посветува на една од клучните фигури од африканската кинематографија: сенегалскиот режисер Џибрил Диоп Мамбети.

Романот Сушен период ја доби Книжевна награда на Европската Унија во 2013 година.

   

„Градот Ен“ - Леонид Добичин

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Како дете гледа на случувањата околу себе во едно зафрлено гратче. Малите нешта можат да станат одеднаш големи, а големите да се претворат во ситни колку мравки. Книга за растењето на кое секој од нас има потреба да се присети и на тоа како во тие возбудливи мигови одеднаш се преобразува и светот наоколу.

 

„За Родерер“ - Гилјермо Мартинес

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Две момчиња во ист момент треба да одберат помеѓу другарството и кариерата. Но што ако се изгубат и двете нешта, како да се поставиме во таква ситуација. Аргентинската критика го смета За Родерер меѓу најважните романи објавени во последните децении и го прогласи за најквалитетниот роман напишан од млад автор.

   

Страница 8 од 18

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер