Настани

Предавања 16.03.2009 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ТРИБИНА - Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и Македонското научно друштво од Битола на 16 Март 2009 година во 12 и 30 часот, во малата сала при Центарот за култура од Битола организираа Трибина на тема: “Во меморијата за Битола”. Трибината ја отвори градоначалникот на Битола г-дин Владимир Талески кој воедно упати поздравни зборови кон присутните гости. На трибината говореа: Г-дин Ѓорѓи Танковски - историчар, г-дин  Никола Миновски, г-дин Стевче Бојаџиев - доктор, и г-дин Никола Димитров. На трибината покрај градоначалникот присуствуваа: пратеничката г-ѓа Анета Стефановска, и претседавачот на Советот на општината Битола г-ѓа Лилјана Кузмановска.

 

Посети 20.02.2009 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА - Во рамките на акцијата “Школски час во Библиотеката”на овој ден во 9 часот и 30 минути Библиотеката ја посетија учениците од приватното средно економско училиште од Битола предводени од нивната професорка. Учениците беа примени од г-дин Драги Кабровски и запознати со работата на Библиотеката од нејзиното формирање во далечната 1945 година до денес. Потоа беше презентирано како се пребарува саканата книга преку интернет мрежата со компјутерите кои се поставени во холот на Библиотеката пред шалтерите за позајмување на книги.
   

Посети 28.01.2009 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) АКЦИЈА “ЕДЕН ШКОЛСКИ ЧАС ВО БИБЛИОТЕКАТА” - Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола во наредните денови спроведува акција насловена како (“школски час во Библиотеката”) за сите ученици од Основните училишта. Посетите имаат културно образовен карактер каде што учениците се запознаваат со работата и дејноста на оваа културна установа од посебен општествен интерес од формирањето во далечната 1945 година, до денес и начинот на пребарувањето на саканата книга со помош на компјутерите преку интернет мрежата. Библиотеката во деновиве што следат (29, 30 Јануари потоа 2, 3, 4, 5, и 6 Февруари) Библиотеката ќе ја посетат учениците од Основното училиште “Гоце Делчев”.
   

Страница 279 од 314

Сподели на Facebook