Настани

Денови на книгата

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

 

26 мај (вторник) во 20 часот
6-ти „Саем на книгата - Битола 2009“
Прес на медиумите
Место: Народен театар - Битола

28 мај (четврток) во 20 часот
Промоција на книгата „Книжевен зборник на битолски писатели“ од Ленче Андоновска и Гордана Пешевска
Поздравна реч: Владимир Талески, градоначалник на општина Битола
Промотор: Петре Димовски проследено со Претставување на роднокрајни писатели од Македонија
Место: Магаза

29 мај (петок) во 11 часот
Четврта роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија (Тркалезна маса)
Место: НУ- Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

 

Пролетен саем на книгата

PDFПечатиЕ-пошта

( 4 Гласа )

Во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола и издавачките куќи „Просветно дело“ и „Детска радост“ - Скопје, во салата за промоции при НУУБ „Св. Климент Охридски“ од 11 до 15 мај се одржува „Пролетен саем на книгата - Битола 2009“. Најмладите читатели, а воедно и сите заинтересирани можат да не посетат секој ден од 10 до 22 часот, при што со секоја купена книга следува и пригоден подарок. Во рамките на Саемот е предвидена и следната програма:

- Понеделник (11.05.2009) - Свечено отворање

- Вторник (12.05.2009) - Средба на читателите на „Другарче“ со писателите Киро Донев и Ванчо Полазаревски

- Среда (13.05.2009) - Ден на списанијата „Развигор“ и „Наш Свет“ - 10:30 часот;  Средба на читатели на „Наш Свет со писателот Горјан Петрески  - 12:00 часот; Средба на читателите на „Развигор“ со писателот Стојан Тарапуза.

- Четврток (14.05.2009) - Ден на списанието „Росица“ 

- Петок (15.05.2009) - Дружење со писателот Горјан Петревски

   

„Од љубов кон Пелистер засекогаш на Еверест“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Националната установа Универзитетѕска библиотека Св. Климент Охридски од Битола, во соработка со Планинарското друштво Пелистер од Битола, на ден 07.05.2009 година, во 11 часот организираа промоција на брошурата Од љубов кон Пелистер за секогаш на Еверест, издаена од Библиотеката, а посветена на Димитар Илиевски - Мурато.

Промоцијата се одржа во холот на Библиотеката каде што и беше поставена Изложба на фотографии и текстови објавени во медиумите во 1989 година, кога Илиевски го освои „Врвот на светот“ - Монт Еверест и го постави македонското знаме, за веднаш потоа на слегувањето да исчезне и вечно да остане на Хималаите.

Читај повеќе: „Од љубов кон Пелистер засекогаш на Еверест“

   

Страница 276 од 314

Сподели на Facebook