English French German Macedonian

Настани

Промоции 28.05.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола и Издавачката дејност АПЕКС од Битола во рамките на манифестацијата Битола град на културата за 2008 година, на ден 28.05.2008 година (среда) во 12.00 часот во салата за промоции на Библиотеката организираа свечено претставување на годишната продукција на книги по конкурсот во фондацијата-едицијата Ванчо Николески. Едицијата вкупно брои 15 наслови на книги од млади битолски поети и поетеси.
 

Промоции 16.05.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) Националната библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола на ден 16.05.2008 година, во салата за промоции во 18 часот организираше промоција на две книги и тоа: “Битолскиот градски говор” и “Да не заборавиме кои сме” од авторот проф. д-р Кирил Трајковски од Битола. Промотор на книгите беше писателот од Битола г-дин Радован П. Цветковски.
   

Промоции 30.04.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ “Св. Климент Охридски”, Македонското научо друштво од Битола и Книгоиздателството  “Македонска искра”од Скопје на ден 30.04.2008 година со почеток во 12 часот во салата за промоции на Библиотеката организираја Свечена промоција на историските дела:

1. ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИ    ВРЕМИЊА ДО ДЕНЕС од авторот Ристо Стефов од Канада.

Промотор: Дипл.археолог Аница Ѓоргиевска од Битола.

2.   ОД ПАНОНИЈА ДЕ ЕГЕЈ автори: Академик Антоније Чкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин од Скопје.

Промотор: Проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ од Скопје.

   

Страница 243 од 251

Сподели на Facebook