( 0 Гласа )ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БИТОЛА ИЗЛОЖБА НА КНИГИ “БИТОЛА НЕКОГАШ И ДЕНЕС” По повод 4 ти Ноември - Денот на ослободувањето на Битола, Националната и Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола во холот постави изложба на книги под наслов “Битола некогаш и денес” која беше прифатена и од општинската програма за одбележување на овој голем празник на градот. На изложбата беа презентирани 160 монографски публикации и стари фотографии на Битола. Книгите содржински опфаќаа временски периоди од минатото - антиката, од поблиското и подалечно културно историско минато, од општествено економскиот развој на Битола, од научно истражувачката работа, стопанството, воспитно образовниот процес, културата изданија на Библиотеката, спортот и книги од битолски писатели членови на ДПМ. Изложбата ја отвори градоначалникот на Битола г-дин Владимир Талески. За изложбата кратко образложение за медиумите во Битола даде г-дин Драги Кабровски вработен во Библиотеката на културни активности.
Изложби 5.09.2008 г.
Објавено од Administrator
Среда, 04 Март 2009 18:58
( 0 Гласа )
По повод 8 ми Септември - Денот на независноста на Р. Македонија, (третиод Илинден) Библиотеката за негово одбележување припреми изложба на книги кои содржински се однесуваат за создавањето на државата како самостојна и суверена Република Македонија. На изложбата која е поставена во холот на Библиотеката се презентирани голем број на монографски публикации од фондот со кој располага Националната и Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од нашиот град.
Изложби 29.07.2008 г.
Последно освежено на Среда, 04 Март 2009 18:57
Објавено од Administrator
Среда, 04 Март 2009 18:56
Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Битола, во рамките на Битолското културно лето и по повод 105 годишнината од големиот национален празник “Илинден” во холот на Библиотеката постави тематска изложба на книги која го опфаќа периодот пред Илинден за време и после Илинден и неговите традиции. На изложбата се презентирани околу 90 монографски публикации од фондот со кој располага Библиотеката.