English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Одбележан Светскиот ден на водата

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола и ОУ „Даме Груев“ - Битола го одбележаа  22-ри март Светскиот ден на Водата.
Учениците и  наставникот Митко Јанески поставија  упатства за рационално корисење на водата, електричната енергија, за одржување на хигиената во зградата и зеленилото во дворот итн.
Упатствата се  истакнати на соодветни места во просториите на Библиотеката.
Во активноста се вклучија и учениците од ОУ “Ѓорги Сугарев“ - Битола.
Водата е скапоцена затоа што без неа нема да постои живот. И покрај тоа што изгледа дека на планетата Земја вода има во изобилство, факт е дека само помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење.

Читај повеќе: Одбележан Светскиот ден на водата

 

Одбележан Светскиот ден на поезијата 2018

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Секоја година, 21-ви март е резервиран за одбележување на три големи настани. Освен што ќе и кажеме големо “Добредојде” на пролетта, на   екологијата исто така и на  Светскиот ден на поезијата.
На ден 21.03.2018 година, во салата за промоции се одржа поетска манифестација, на која учестуваа млади поети од основните и средните училишта како и други млади и талентирани поети, кои претходно се пријавија на отворениот распишан повик за учество на манифестацијата со свои поетски творби.

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола секоја година дава   поддршка на поезијата, враќање на усната традиција на поетски рецитали, промоција на едукацијата за поезијата, обновување на дијалогот меѓу поезијата и другите уметности (театарот, танцот, музиката, сликарството), поддршка на малите издавачи и создавање атрактивна слика за поезијата во медиумите, рече директорката на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола м-р Јелена Петровска при обраќањето  на почетокот на манифестацијата.

Поетски творби читаа;
-     Јана Вангеловска
-    Андреја Наковска
-    Андреја Ѓуровска
-    Анастасија Ѓуровска
-    Ѓоргина Христова
-    Коштрева Бојана
-    Оливера Илиевска
-    Божидар Николовски
-    Антонио Стојановски
-    Анастасија Димоска
-    Узурџан Медик
-    Шазе Медик
-    Филип Костовски
-    Ана Дамчевска

Читај повеќе: Одбележан Светскиот ден на поезијата 2018

   

Часот на планетата Земја е на 24 март 2018, во 20:30 часот!

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа - Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција!

Оваа година, Часот на планетата Земја се одржува на 24 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 7.000 града низ 170 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.

Заблескај светлина на климатските промени!

ВКЛУЧИ СЕ ВО АКЦИЈАТА И ИСКЛУЧИ ГИ СВЕТИЛКИТЕ НА 24 МАРТ ВО 20:30 ЧАСОТ!

http://www.earthhour.mk/

   

Страница 14 од 183

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер