English French German Macedonian

Манифестации на Австриската библиотека, 12.11.2016

PDFПечатиЕ-пошта

( 5 Гласа )

На 12.11.2016 г. во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, Австриската Амбасада во Скопје, НУУБ „Св.Климент Охридски“ и Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола реализира две манифестации:

1. Литературно читање на германски јазик на австриската авторка од Виена г-ѓа Штефани Заргнагел, добитник на наградата Ингеборг Бахман 2016 г. од публиката во рамките на манифестацијата 40. Денови германско-јазична литература со почеток во 09.00 часот. Во салата за промоции пред публика од професори по германски јазик од Битола, Прилеп и Скопје, директорката на НУУБ Св. Климент Охридски д-р Лили Бошевска, раководителот на секторот за меѓународна соработка г-ѓа Анета Стефановска, конзулот во Австриската Амбасада г-ѓа Габриеле Јанежич, Австриското воено аташе од Белград Полковник Томас Ахамер и неговото семејство и др. љубители на пишаниот збор се обрати Почесниот конзул на Република Австрија д-р Валентина Илиева. Таа во нејзиниот поздравен говор накратко ја објасни манифестацијата „Денови на германско-јазичната литература“ која секоја година се органиизра во Клагенфурт и оваа година по 40. пат, а на истата се доделува наградата Ингеборг Бахман, се заблагодари на Австриската Амбасада во Скопје за поддршката авторката Штефани Заргнагел од Виена, добитник на наградата Ингеборг Бахман од публиката да чита од нејзиното творештво во Битола.

По поздравниот говор на д-р Илиева, публиката имаше можност да го проследи видео записот од доделувањето на наградата Ингеборг Бахман 2016, а потоа следеше читањето на авторката Штефани Заргнагел. Публиката беше воодушевена од младата авторка и се заблагодари со голем аплауз, цвеќе и една книга за Битола како спомен на ова гостување. На авторката и беше предложено дел од прочитаните текстови да се преведат на македонски јазик. Во нејзиното интервју со медиумите таа меѓу другото истакна дека многу и се допадна публиката во Битола, дека ќе продолжи да твори иако студирала нешто сосема др. сликарство, а не книжевност и дека планира да издаде наскоро нова книга. Нејзиниот знак за препознавање црвената баретка и е подарок од една многу драга пријателка.

и

2. Семинар за професори по германски јазик „Австриски денови 2016“ во организација на Министерството за образование и на Република Австрија, Австриската служба за академска размена и Австриската Амбасада во Скопје, Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола и НУУБ Св. Климент Охридски Битола се оддржа во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола со предавач од Виена Австрија, м-р Ирис Хоенедер.

На семинарот учествуваа 30 професори по германски јазик од Битола, Прилеп и Скопје. Семинарот беше поделен во 2 блока, во првиот се работеше на тема „Спортот во Австрија“ на кои учесниците добија дидактизиран материјал за директна употреба во настава, а неколку примери беа испробани на самиот семинар. По првиот блок следеше презентација на Австриската јазична диплома со делење на рекламен материјал, која Австриска јазична диплома ÖSD има меѓународна важност и се признава на Универзитетите во Австрија, Германија и Швајцарија и во Амбасадите на германскојазичните земји и службите во истите. Австрискиот јазичен испит за стекнување со Австриска јазична диплома ÖSD може да се полага во Битола по претходно пријавување.

Во вториот блок од семинарот се работеше на темата „Литературата во Австрија“ која беше на многу интерактивен и практичен начин презентирана. По примерот на поезијата на авторот Ернст Јандл и др. австриски автори предавачот м-р Хоенедер го објасна начинот на примена на таа поезија во настава на многу интересен начин. Прозата со примери од познатата авторка Кристине Нестлингер беше обработена со дидактизиран материјал кои исто така учесниците на семинарот го добија на нивно огромно задоволство и истиот може да се примени директно во настава со учениците.

Инспирираните учесници твореа поезија и проза на германски јазик и работеа неуморно со желба што повеќе да сознаат за новите и атрактивни методи кои треба да се применат во современата настава по германски јазик. На крај Почесниот конзул на Република Австрија во Македонија д-р Валентина Илиева која  воедно е и раководител на Австриската библиотека во Битола, единствена од ваков вид во Република Македонија ја презентира веб страната на НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола и начинот како се пребарува преку Cobiss ситемот од дома и како се резервира и изнајмува книга од Австриската библиотека од Битола. Притоа беа и прикажани сите досегашни манифестации на Австриската библиотека во Битола. На проф. по германски јазик им беше упатена покана да осмислуваат проекти и учествуваат во активностите на Библиотеката.

Секој учесник се стекна со австриски сертификат за учество на семинарот и разделбата беше во духот на голема благодарност за учеството и можноста да се учествува на ваков квалитетен семинар и со желба за повеќе семинари од ваков вид.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер