English French German Macedonian

Детските очи гледаат во Хераклеја

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Нов начин на презентирање на македонската историја и традиција пред најмалата популација на 8-ми јули 2013 година беше презентиран во рамките на овогодинешниот Битфест. Хераклеја, како историска дестинација, со сите свои карактеристики им беше презентирана на децата.Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ преку едукативниот проект „Детските очи гледаат во Хераклеја“ се обиде до најмладата детска популација од претшколска и школска возраст, да ја доближи македонската историја, претставувајќи дел од античкиот локалитет Хераклеја.

Проектот беше изведен како разговор на дете со својот родител за историјата и приказната за Хераклеа, прикажан на начин близок на детската фантазија. Покрај родителот и детото-актери, во програмата учествуваа 8 деца кои изведуваа балетска кореографија соодветна на амбиентот.

 

 

Сподели на Facebook