English French German Macedonian

ИНИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНАТА И УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКАТА ВО СТРАЗБУРГ ФРАНЦИЈА

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

На 3 мај 2013 година Фатма Бајрам Аземовска оствари иницијална посета на Националната и универзитетска библиотека во Стразбург, Франција. Целта на посетата беше да се воспостават првичните контакти и да се согледа можност за соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола како дел од процесот на Европска интеграција на Република Македонија и вклучување во современите текови на библиотекарството преку партнерства, вмрежување и соработка.
Во разговорот со заменик директорот Кристоф Дидиер беше истакнато обостраното задоволство од иницијативата за соработка. Господинот Дидиер истакна дека  веќе соработуваат со  различни библиотеки во рамките на Европската Унија и дека ова е одлична можност соработката да се прошири и со земји од Југоисточна Европа во кои спаѓа и Република Македонија.  Соработката е особено важна со оглед на кандидатскиот статус на Република Македонија за членство во Европската Унија што значи дека и библиотеките треба да се интегрираат во европското семејство, а комуникацијата помеѓу институциите и професионалците кои работат во нив е од особено значење.  Според Фатма Бајрам Аземовска, соработката со европските библиотеки е важна во генерирањето на иновативни идеи за местотои улогата на библиотеките во современиот и брз развој на општеството како и дефинирањето на европскиот идентитет на библиотеките.  Господинот Дидиер искажа благодарност за подарокот од страна на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола со желба што поскоро да се официјализира на институционално ниво соработката помеѓу двете библиотеки. НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола доби и официјална покана да присуствува на свеченото отворање на комплетно реновираниот објект на библиотеката во Стразбург кон крајот на 2014 година. 
Со ова библиотеката во Стразбург ќе биде една од најсовремено опремените во Европа со инсталирана врвна технологија за заштита на богатото културно наследство и книжевен фонд.

Сподели на Facebook