English French German Macedonian

Светски ден на книгата и авторското право

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод светскиот ден на книгата и авторското право, беше организирана пригодна манифестација од НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.

Идејата за одбележување на овој ден потекнува од Каталонија, каде на 23-ти Април на денот на католичкиот празник Св.Јурја, традиционално се подарува ружа за секоја подарена книга , традиција која трае скоро 100 години.
Се смета дека токму оваа дата е избрана затоа што на 23-ти Април како повод е земена и смртта на великаните на светската книжевност Мигуел Де Сервантес и Вилијам Шекспир. Организацијата на Обединетите нации во делот на наука, образование и култура, УНЕСКО, го одбележува светскиот ден на книгата и авторските права со помош на бројни издавачи и книжарници, учители и стручњаци за  комуникации.
УНЕСКО посакува секого, а  особено помладите да ги поттикне за читање и промовира издаваштво, базирано на интелектуалната сопственост  и заштита на авторските права.
Одлуката да се одбележува овој ден како светски ден на книгата и авторските права е донесена на општата конференција на УНЕСКО, одржана во Париз 1995 година.
На присутните гости им се обрати г. Науме Ѓоргиевски, директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ –Битола,  читање на пораките од г-ѓа Ирина Бокова, генерална директорка на УНЕСКО  и македонската порака од д-р Александар Прокопиев, Институт за македонска литература. Програмата ја збогатија младите поети од литературниот клуб „Желание – Думание“. На крајот на настанот следеше  традиционално подарување книга на посетителите.




 

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер