Нови наслови

PDFПечатиЕ-пошта

( 20 Гласа )

Часовничарот
Михаела Гашпар

Секоја вечер, додека
ги закопчува пижамите
и се поздравува со
сопствениот одраз во
огледалото, главниот
лик на овој роман
Јосип Мајдак, се
подготвува за својата
смрт. Секоја вечер се
одвиваат и нашите
генерални проби на
умирањето, во кои
исто како него
легнуваме со надеж
дека утрото сепак
ќе станеме.
Прочитај повеќе...


Крикот на ластовицата
Ахмет Умит

Книгата го поставува
прашањето: Дали е
поопасен сериски убиец
што убива педофили или
е поопасен човек што
додека во светот се
случуваат вакви нешта
ја гледа само својата
удобност и останува
рамнодушен? Цел на
серискиот убиец
Мижачот се педофилите.
Прочитај повеќе...


Островот на пеликаните
Миодраг Мајиќ

Уште една крими-драма
што е сосем поинаква
од која било книга од
тој жанр. Дејството ги
следи судбините на
двајца млади Роми, кои
по игра на случајноста
завршуваат во судница
и доживуваат пресуда
што отвора низа
настани што никој не
би можел да
ги замисли...
Прочитај повеќе...


Мали тајни
Џенифер Хилиер

Марин има совршен
живот. Омажена за
својата љубов од
факултетските денови
таа е сопственичка на
синџир елитни
фризерски салони
додека сопругот Дерек
управува со сопствена
компанија. Тие се
почитувани членови во
својата заедница и
семејство полно
со љубов.
Прочитај повеќе...


Едно лето на Крит
Анде Јанков

Марина и нејзиното
момче Филип одлучуваат
својот одмор ова лето
да го поминат на
грчкиот остров Крит на
гости кај блиски
роднини на Марина.
Елена, тетката на
Марина, треба да ги
пречека на автобуската
станица во Хања..
Прочитај повеќе...


Вознемирени луѓе
Фредрик Бакман

„Вознемирени луѓе“ е
апсурдна комедија за
заложничка драма што
се случува среде
презентација на стан
за продажба. Неуспешен
ограбувач на банка се
затвора со група луѓе
со чудни, необични
карактери. Разбојникот
на крајот ќе се
премисли и ќе ги пушти
сите заложници, но
кога полицијата
влегува внатре..
Прочитај повеќе..


Срца од цимет
Џенифер Хилиер

Колку далеку можеш да
ги закопаш своите
тајни? И да ја скриеш
тагата? Колку долго
може да се извлечеш со
лагите? И колку долго
можеш да живееш со тоa
Ова е приказна за
тројца најдобри
пријатели: онаа што
беше убиена, онаа што
отиде во затвор и оној
што ја бара вистината
сите овие години…
Прочитај повеќе..


Дабот сè уште e тука
Софија Лундберј

Потресен роман за
копнежот, вината,
бесмртното
пријателство и
пронаоѓањето животна
рамнотежа по
разурнувачката врска.
По тешкиот развод, на
Естер ѝ се чини дека
нејзиниот живот ја
загубил смислата.
Најболни ѝ се
викендите што не ги
поминува со синот..
Прочитај повеќе..


Пукнатина
Јозеф Карика

Приказната во
„Пукнатина“ започнува
со пронаоѓањето на
стари аудиозаписи на
плочи во една стара
душевна болница.
Загадочната исповед на
лунатикот Валтер Фишер
го води нараторот во
потрага по вистината
во една од најголемите
словачки мистерии –
онаа за исчезнувањето
на луѓе на планината
Трибеч..
Прочитај повеќе..


Колатерална штета
Линет Исон

Исаија Џејмс умира на
рацете на воениот
психијатар Брук Адамс
при експлозија во
кафуле во Кабул, при
што таа се спасува
здобивајќи се со тешки
изгореници. По долгото
лекување Брук се враќа
во својата земја и
продолжува да работи
како психијатар.
Прочитај повеќе..


 

 

Сподели на Facebook