English French German Macedonian

Книги и кафе со наши писателки

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, ова лето ви ги претставува низ прекрасна дружба и кафе нашите локални писателки. Жени кои секогаш наоѓаат време за се. Нивните имиња сите ги знаат, но не само кај нас, туку низ целиот свет. Нивните дела зборуваат за нив и нивната неизмерна љубов кон пишаниот збор.

Светлана Папачек е наша писателка, жена чии дела зборуваат за силината на жената. На наше огромно задоволство можевме да ја запознаеме од блиску. Низ кафе и прекрасен разговор таа ни раскажа се за неа. Родена е во Скопје, но љубовта ја носи во Битола, каде основа прекрасно семејство, богато со историја и автентични приказни за животниот пат на лозата Папачек.

Кога ја запрашавме да ни кажи од каде и кога се јавува нејзината љубов кон пишаниот збор таа ни одговори: „Уште како ученичка во основно училиште бев дел од литературната секција и членка на библиотекарската секција, со што од најрана возраст имав можност да бидам со книгите и убавиот пишан збор.“ Таа додаде дека тоа го споменува и во својата книга „Препород низ бессознание“.

Кога разговаравме за книгите, таа скромно ни сподели еден прекрасен спомен. Со себе ја носеше книгата „Шекспир во приказни“ од М.Ч.Лемб од 1954 година, кое генерациски се чува во нејзиното семејство, а и е драг подарок од свекрва и. Книгата му припаѓала на нејзиниот татко кој многу сакал да чита. Токму затоа и сентиментална вредност е уште поголема. Ни рече: „Ова е мојата најомилена книга. Се случува често да проверувам дали е на своето место во мојата домашна библиотека, бидејќи ми е премногу важна. Ми значи.“


Светлана Папачек има објавено свои творби во многу заеднички изданија во нашата Македонија како и низ бившите Ју републики. Нејзини лични книги меѓу кои има и поезија и проза се : Препород низ бессознание, Страсти, Душевни болки, Женски Откровенија, Љубов и вера. За своите дела таа ни сподели: Моја прва објавена книга е „Страсти“, но моја најдрага книга е „Женски откровенија“ за што истата е добитник на Златно перо за 2020 год., во која пишувам за сите предизвици со кои жената се соочува на својот животен пат.

Светлана Папачек има освоено многу награди, но кога ја прашавме која награда и е најомилена таа не се двоумеше:„ од многуте награди најдрага ми е таа што ја добив во Ниш за песна и краток расказ напишани на нишки дијалект. „Ja vjeni dies“ ( Идат денови) е краток расказ со историски факти за едно дете еврејче кое е спасено преку посвојување. За овој расказ ја добив 2та награда“ од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија кој за прв пат организираше литературен конкурс за краток расказ насловен како „Раскажувам фотографија”. Покрај ова ни рече:

„Сите награди ми значат и имаат секоја посебно место во моето срце. Но ете кога веќе ме прашавте...”

За крај ја замоливме да им порача нешто на нашите читатели, а таа со пријатна насмевна ни одговори:„ Да биде секој свој, животот тече и како човек старее така мудрее“. Се осознава себеси, но и останатите. Подобро од било кога. И како што велам во песната посветена на Исус, после животот го добиваме она што сме го заслужиле. Мал фрагмент од

СИНОТ ГОСПОДОВ

........................................................

Умираме пополека грешни ние.

Плаќаме за смртта негова,

мачење и страдание.

До судниот ден!

Потоа ???

Секој по заслуга.

Во име на библиотеката НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола сакаме да Ви се заблагодариме што одвоивте време и со нас го споделивте вашиот труд и знаење, и со нетрпение чекаме ваше ново дело, а нашите драги читатели ги покануваме да дојдат и да изнајмат ваша книга, да пловат низ вашите дела и вашите зборови.

Сподели на Facebook