English French German Macedonian

„Да читаме на глас!“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 18.02.2021 година како дел од кампањата „Да читаме на глас!“, библиотекарите од НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, ги посетија учениците од II одделение од О.У. „ Елпида Караманди“- Битола.  При посетата беа запазени сите мерки за заштита.

Методот на гласно читање игра важна улога во правилното разбирање на она што го читаме. Ова е многу важно особено кај учениците кои сега го изучуваат читањето, се со цел да се подобри начинот на кој што читаат. Нашите библиотекари на учениците им прочитаа една прекрасна басна „Бурсунсул и Паскулина“ која на многу интересен начин ни зборува за пријателството и ни дава многу убава поука:„ Пријателството нема граници и дека треба да си ги чуваме пријателите“.

На наша голема радост и во одлична атмосфера со голема внимателност и изразена заинтересираност од страна на учениците беше спроведено читањето на оваа басна.

Голема благодарност до директорката на О.У. „ Елпида Караманди“- Битола, Татјана Дамчевска и до наставниците кои најсрдечно не примија: Жанета Здравковска, Марина Докулевска, Елена Трајковска за спроведената активност.

Сподели на Facebook