English French German Macedonian

Последната камелија - Сара Џио

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Романтична и неизвесна приказна за две жени чии судбини се испреплетуваат низ годините.
На работ на Втората светска војна, на еден имот во Англија, една личност го крие последниот опстанат примерок од ретка камелија по име Мидлбериска розова камелија. Флора, ботаничарка од Америка, ја контактира лидерот на интернационален синџир на крадци на ретки цвеќиња со понуда да се инфилтрира во куќата во Англија како дадилка и да дојде до реткото растение. Од чист очај, таа е принудена да ја прифати понудата, но приказната се заплеткува кога Флора почнува да се вљубува во еден член на семејството.
Половина век подоцна, дизајнерка на градини, Адисон, престојува во англиската вила, која сега ја поседува семејството на нејзиниот сопруг, Рекс. Тие двајца имаат страст за решавање мистерии, која овде ја потпалува мистериозната камелија и еден стар градинарски дневник што го наоѓаат во куќата. Неговите страници упатуваат на нешто злобно скриено. Дали опасноста што некогаш ја демнела Флора сè уште е жива? И дали Адисон ја чека истата судбина?

Сподели на Facebook