English French German Macedonian

Меѓународен ден на стари лица

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Повеќе од 160 милиони луѓе во Европа се постари од 60 години. Бројот на луѓе над 80-годишна возраст се очекува да се зголеми тројно од 22 милиони во 2008 година на 61 милион во 2060 година.

Промени во начинот на живеење, социјалните улоги и односи на постарите лица со околината, пред оваа специфична возрасна група поставува предизвик за користење на квалитетно поминато време. Современо конципирани  библиотеки  со своите програми воспоставуваат нови обрасци за исполнување на слободното време на старите лица.

Имено, освен пристап до колекции и други услуги како што се Интернет и читање дневни весници, просторот на библиотеката може да послужи како место за средба, дружење и користење на образовни програми кои ги подигаат здравствените и општествените компетенции на старите лица . Преку организирање на тематски работилници и предавања, промоции на нови книги,  преку развивање на социјализација како пријателства со други членови на библиотеката  и секојдневни контакти со библиотекари,  лицата од т.н. трето доба активно се вклучуваат во општествено живеење во заедницата.

За таа цел библиотеките треба да  изготват програми кои вклучуваат податоци за бројот и структура на старите лица во средината каде што делуваат, следење на нивните потреби и интереси, обезбедување на безбедни, удобни и привлечни простори, како и достапни информативни услуги.

Но најважно од се е вклучување на постарите лица во креирање на библиотечните програми и развивање на пријателски односи со библиотекарот. Новиот Проект на библиотеката посветен на лица од трето доба во соработка со Здружението на пензионери од Битола претставува чекор до реализација на целно насочени програми на заедницата.

Повеќе слики на FB страната на Библиотеката

Сподели на Facebook