English French German Macedonian

23-ти април Светски ден на книгата и авторските права

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во далечна 1995 година, УНЕСКО го прогласи 23-ти април Светски ден на книгата и авторските права, овој датум има уште едно посебно значење за Каталонија. Тоа е ден на  Свети Ѓорѓи  (Sant Jordi) ден на љубовта и литературата што се прославува во Барцелона и низ Каталонија преку иницијативата Книги и рози. Оваа глобално призната иницијатива што обединува книги, рози и љубов се пренесе  надвор од границите на Каталонија со преку 150 активности кои  се одржуваат секоја година во повеќе од 50 земји.

Како знак на благодарност, луѓето разменуваат книги и рози, а корените на оваа специфична прослава доаѓаат од мешавина на историски традиции. Од една страна, Св. Ѓорѓи е заштитник на Каталонија уште од 15 век, а од другата страна, тој се потпира на познатата легенда на Свети Ѓорѓи и змејот (витез го победува  змејот, кој ги тероризираше селото и принцезата, а откако го убил змејот, Свети Ѓорѓи и ја дава на принцезата една прекрасна црвена роза) и старата средновековна традиција на посета на капелата Sant Jordi (Св. Ѓорѓи) во Palacio de la Generalitat во Барселона, каде порано се одржуваше саемот со рози или „саемот на љубовниците“. Затоа Св. Ѓорѓи (Sant Jordi) е исто така заштитник на Каталонија.

На тој ден во Каталонија се продаваат дури 1,5 милиони книги и над 6 милиони рози, а обичајот го шират и библиотеките ширум светот.

Иако годинешното славење на литературата ќе биде далеку од библиотеките и книжарниците, тоа нема да го намали значењето на овој значаен и признат датум ширум светот, како и пораките за значењето на читање кои ги споделуваме со Вас почитувани наши читатели.

Порака од УНЕСКО

Порака од Р Северна Македонија

Сподели на Facebook