English French German Macedonian

ХОРТИКУЛТУРНИ БИБЛИОТЕКИ – формирање на хортикултурна мрежа на библиотеки во Р. Северна Македонија

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

https://www.youtube.com/watch?time_continue=467&v=9aTV-KkODqE

Во Лазаревац, Р. Србија на 10. и 11. октомври 2019.год. се одржа Втората национална смотра и Првата регионална смотра на хортикултурни библиотеки во организација на Мирко С. Марковиќ главен раководител на мрежата за хортикултурни библиотеки и библиотеката домаќин Национална библиотека „Димитрије Туцовиќ“ од Лазаревац кои се погрижија за многу богатата Агенда во која беа вклучени и повеќе работни средби и договори со учесниците.

Во мрежата на хортикултурни библиотеки активно зедоа учество претставници од Р. Србија, од Лазаревац, Чајетина и Кикинда, од Р. Српска Зворник, од Босна и Херцеговина Тузла, од Хрватска Винковци и од Р. Северна Македонија Битола. На средбата беше присутен и Ласло Блашковиќ, директор на Народната библиотека од Србија.

Претставници на библиотеките од регионот разменаа искуства од библиотечните активности поврзани со хортикултурни библиотеки, како и од спроведување на активности од УНЕСКО – ва програма УН Агенда 2030 за влијанието на библиотеките врз потребите на заедницата.

Во работниот дел се дефинирани целите, принципите на работа, заеднички проекти и ширење на мрежата во одделни држави и донесување на одлука за потпишување на основачки акт за формирање на хортикултурна мрежа на библиотеки.

Учесниците од НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, м-р Јелена Петровска, библиотекар советник во Одделот за развој на библиотечната дејност и проф. Даниела Ќурчиевска, член на Управен одбор на библиотеката, воспоставија контакти и работна средба со претставници на РЕ Колубара во врска со промовирање на еколошки проекти, особено проект за рекултивација на површините во РЕК Битола, по примерот на РЕ Колубара кои со години ги развиваат сличните програми. На тој начин библиотеката ги остварува целите кои се однесуваат на одржливиот развој особено во сферата на екологијата, одржливоста на расположливита ресурси како дел од концептот за т.н. паметни градови. Библиотеката ќе продолжи со активно учество во еколошките програми и подигање на свеста за зачувување на околината и воведување на нови иновативни програми за своите граѓани.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер