English French German Macedonian

Тин лето во Библиотека

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Времето, кога тинејџерите се формираат како личности и создаваат корисни навики во животот, треба правилно да се насочи кон квалитетни содржини и да им се посочат начините на кои тие можат да се најдат и препознаат. Во ерата на дигитализација, кога сите содржини, без оглед на нивната вредност, станаа лесно достапни, младите луѓе се подложни на различни влијанија. Затоа ние, како библиотека, треба особено внимание да посветиме на нивно правилно насочување во тоа море на информации.

Исто така, во текот на летото, тинејџерите имаат повеќе слободно време, па затоа библиотеката организира активности во вид на работилници со теми блиски на интересите и потребите на тинејџерите. Се планира организирање на три работилници:

- 3Д печатење (што претставува, како и каде се користи, презентација на 3Д печатар, практична примена и печатење на 3Д книга)

- Видео игри (како се прават, програми кои се користат, најпопуларни видео игри, кои игри ги користат тинејџерите)

- Книга - филм за тинејџери (претставување на книги според кои се снимени филмови наменети за таа возраст, изложба на тие книги, споредба помеѓу филмот и книгата, препораки за тин-книги)

Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на Тин лето во Библиотека!

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер