English French German Macedonian

Светски ден на книгата и авторското право 2019

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Библиотеката во рамките на промовирање на нови и креативни услуги за сите возрасни групи го одбележува Светскиот ден на книгата и авторско право со низа активности.

ПРОГРАМА ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА

22.04.2019 година

Книги кои гледаат
ЧИТАЊЕ НА ЉУБОВНА ПОЕЗИЈА ЗА СЛЕПИ ЛИЦА во соработка со Народен театар Битола
23.04 .2019 година
СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА И АВТОРСКИ ПРАВА
Работилница за млади „ Патување„
"Voyageons en lisant“
Испирирана од книгите на писателот Никола Бувие.
Градејќи го концептот на место кое на своите граѓани им нуди сигурно, креативно и едукативно место за нивните деца Библиотеката во соработка со Француската алијанса организира работилници за правење на е-книга.
Младата генерација размислува и делува многу брзо, технолошки напредно и заради тоа е потребно осмислување на програми кои ќе ги задоволат нивните когнитивни и перцептивни способности.
Ја пуштаме пораката за важноста на читање и правилно изразување, за творење и право на пристап кон информациите.

 

Деца од повеќе училишта ќе имаат можноста со едукаторите да прават заедничка електронска книга со која ќе патуваат и сонуваат следејќи го патот на книгата од Шпанија каде инспирирани од стар каталонски  обичај на подарување  книга и цвет, преку Англија, Франција и др. земји инспирирани од Шекспир, Серватес и Борхес ќе патуваме до Аргентина. Децата ќе ја внесат и својата лична приказна во изготвување на книгата, како и спремноста да работат заедно и да го  развиваат духот на соработка и взаемно почитување и толеранција.
На работилницата ќе се придружи и Коста Ќука како претставник на лица со попреченост со пишување на  инспиративни мисли на големи автори.
Проектот  е поддржан од Француски Институт Скопје.
24.04.2019 година (среда)
Промоција на книгата (научен труд) Библиографски опис на составни делови : прирачник од авторите:
Валентина Дојчиновска-Илиоска,  
Наташа Бундовска  и Софче Марковиќ

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер