English French German Macedonian

Промоција на книгата Млади поетски перформанси, (Избор на поетски творби). Книга 2;

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – на ден 19.12.2018 година, ја промовираше  книгата „Млади поетски перформанси – избор на поетски творби, книга 2“.
Веќе две години, Библиотеката со голем  ентузијазам започна да го реализира проектот „Млади поетски перформанси“, наменет за млади автори на поетски творби од Пелагонискиот регион, за ученици од 5-9 одделение од основните училишта, ученици од средните училишта и млади на возраст од 18 до 24 години.
Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме младите литературни творци да пишуваат, да го промовираат и афирмираат своето креативно творештво, за прв пат да се објават во збирка поезија со што ќе им се даде можност да се претстават пред пошироката јавност. 

Во поттекст на проектот е заложбата за силна и директна стимулација на творештвото на младите автори од нашата земја.
Проектот опфаќаше конкурс за доставување на поетски творби, кој беше јавно распишан во текот на 2018 година. Најдобрите и најквалитетните творби кои беа доставени се објавени во оваа заедничка збирка поезија.
Во збирката се опфатени над 40 творби кои учестуваа самостојно или со ментори – наставници.
Проектот е финансиран од министерството за култура на Република Македонија, координатор на проектот  е м-р Фатма Бајрам Аземовска, соработници во проектот се  Илче Стојановски и м-р Зоран Јанакиевски.
Исто така сите училишни библиотекари од основните училишта  денеска добија сертификати, поради нивната   вклученост во активностите  „ Октомври месец на книгата и месец на меѓународните училишни библиотеки“ и претставуваше убава можност сите заедно да одбереме еден ден во октомври за да ја прославиме важноста на училишните библиотеки. Им благодари
Темата во 2018 година беше "Зошто ја сакам мојата библиотека ".
Им благодариме на библиотекарите и наставниците кои беа дел од активноста:  Марија  Т. Тасеска,   Ирена Георгиевска, Ана Динковска Божиновска, Весна Алексоска, Блага Митреска, Лидија Павловска, Ивона Ангелевска, Ирена Настевска, Лили Бошевска, Маја Дамевска, Нела Неделковска, Весна Рабаџиевска и Благој Огненовски.

Повеќе фотографии на следниот линк   https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157077003078679&__xts__%5B0%5D=68.ARDCWlw9NbK51hylp0rdm4A-3kVStUi2DC9nq30IEZyJ6Kt0vsCL3D6pD-V7JBnrZGXOO_l2gO8QSoQ1cAp1jqMJiVkuQaMgyPTfEu9LZUdSxJk5L6AzK-uzvfbZfXXtzTNPce2pJQVX1b5TftDs_saRiTUolIcOK2Z5zcCiVzcu9p1_cHWezVt4b5UacrQWJAWLsdEUSm2TellUrvER5AZEGOJnFgB_TTh9x-OOwhLSQ6uUGXmiQueSKWEyA9t4KJaUwBNuMu-qT8ZRY_dFvBnBEI3Qn8SvvdfkynU7WIkx8fQGp5lMaiEzgQ19n7KmLKeeha0t4PRwMLIPAXLby8Gh1JGVCDmjRkbZj4DkHmNP1Ek7MB69OAmNf4jm4QAm5M06Na7MMAk243Z0DoCYXaUiS4n7DoJFPDf25p5Ycbt1HHcokOdzPgQOU3EDSk5AmG2BGO8&__tn__=-UC-R

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер