English French German Macedonian

Претставување на творештвото на Винка Саздова пред битолчани

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Денеска се чекаше ред за купување на книги од авторите Винка Саздова и Венко Андоновски во Битолската библиотека.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Издавачкиот центар ТРИ со големо задоволство на битолските читатели им организираа средба со една од најпопуларните македонски авторки, Винка Саздова и промоција на нејзиното творештво.
На оваа прва средба на Винка Саздова со битолската публика, имаа можност да се запознаат одблизу со авторката чии романи допреа до илјадници читатели во Македонија, но и пошироко. За творештвото на Саздова говореше нашиот истакнат автор, проф. д-р Венко Андоновски.

Винка Саздова е автор е на романите „Последниот чај“ (2009), „Полиња со диви нарциси“ (2011), „Понекогаш доаѓа среќа“ (2013) и „Луна“ (2015). „Последниот чај“ е преведен на српски, хрватски и бугарски јазик.
Двапати ја има добиено наградата „Најчитан автор“ – во 2012 г. од НУБ „Св. Климент Охридски“, а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. На следниот линк следат повеќе фотографии од настанот  https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157043764433679&__xts__%5B0%5D=68.ARCd1pG7tbBO8tzhIwU0OsG-OGzhQcQIByJp5Ihvz1QTuULpDLDSAVF0JmtYo2tqVAyoJlRhH-xy4vB0F6Ea0pPoPSVEv_Wg5WmOWQ0P4rDpwuH4W2kfzeduys0UajYi2AQq2UPwSeQ-npKxQFCXYVI08ejSm7US25PEOVklBe5HoBhUprWmpZyuM9Gu0VkGsgwk-Gah5eRZgivwLzUu8uZSb82rzKk_aO34y_6XoNpw2rNUPobpA50X1AUvKemKl0SDb4qhOyFW9vvNEElhXkpYGit3E-PLEzceb9jD3LtpzAYlgnm6yQP2Ou-53lAJr_sbGqb7dHt7PYS9OSYGITU6-XUuMoM2EbYADp-qdOFHGZbz5ZCe3IBEHH3rPKVPrM90G3QI2QjJuDmyWnjESifgo7o9bx3ilS60BdC3rF5qXQoOtmsap3XT-TlRqiEiTyWoHtA&__tn__=-UC-R

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер