English French German Macedonian

Танц во темнината

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Две млади двојки патуваат по ненаселените вулкански предели на Исланд. Непоправливиот хедонист Егидл и лечениот алкохоличар Храбн и нивните партнерки Ана и Вигдис се жртви на финансиската криза и сакаат на ова патување да ги излечат професионалните рани и да промислат за животите што ги воделе и што ги оставиле зад себе во градот. Густата магла се спушта како лош предзнак и тие со џипот удираат во камениот ѕид на една куќа, во која живеат чудни старци − маж и жена. Некоја неодредена закана се чувствува надвор, надоаѓа некоја мрачна бура, а ним не им преостанува ништо друго освен тука да ја поминат ноќта.

На дневната светлина пронаоѓаат необични остатоци од животни покрај куќата и тогаш знаат дека мораат што побрзо да побегнат од таму. Сепак, секој обид за заминување пропаѓа, напнатоста меѓу нив расте и тие почнуваат да се караат. Кога ќе решат да се разделат за да го побараат излезот, не ни помислуваат дека веќе никогаш нема да се видат.

Непријателската природа ги засилува нивните привиденија и ги доведува до самиот раб на амбисот. Некогаш имаа сѐ: богатство, моќ, статус... А сега сѐ ќе изгубат.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер